Годинашниот НБА-драфт донесе неочекуван пад кај еден од најталентираните млади играчи, не поради кошаркарските вештини, туку поради лошите одлуки и преголемото его. Ејс Бејли, крилото високо 201 сантиметар, од колеџот „Ратгерс“, беше планиран како втор избор на драфтот до пред неколку недели, но поради своето однесување, тој падна на петтото место, што, според фиксните договори за почетници, го чинеше околу 15 милиони долари. Како што се очекуваше, прв избор беше Купер Флег, кој на крајот се одлучи за Далас, со што се докажа дека предвидувањата на аналитичарите од НБА се точни. Но, ситуацијата со Бејли беше поинаква. Сан Антонио, кое избира од втората позиција, беше фаворит да потпише со него, но на крајот се одлучи за Дилан Харпер. Филаделфија го стори истото со третиот пик (ВЈ Еџкомб), а Шарлот со четвртиот (Кон Кнуепел).

Бејли на крајот заврши како петти пик и стана играч на Јута. Финансиски, тоа беше голем пад. Вториот избор на драфтот автоматски потпишува четиригодишен договор вреден 56 милиони долари. Петтиот избор, од друга страна, добива 41 милион. Јасно е колкава е таа загуба.

Причината зошто го игнорираа клубовите Бејли лежи во неговиот став. Во текот на подготовките за драфтот, тој одби да учествува на индивидуалните тренинзи организирани од клубовите, што е стандардна практика. Покрај тоа, неговиот менаџер бараше пари од медиумите за интервјуа, што предизвика потсмев во НБА-круговите.

ИЗДВОЕНИ