Будењето на позитивната енергија е основен предуслов за постигнување мир и хармонија во животот, а формулата на кој начин да се заштитиме од негативните влијанија и да го откриеме својот потенцијал, како да ги препознаеме енергетските вампири, ја открива проф. д-р Зоран Крстевски во неговата најнова, 13. по ред книга „Будење на позитивната енергија“. И ова дело со потпис на нашиот познат филозоф, астролог и редовен колумнист во весникот ВЕЧЕР, кое излезе од печат пред два месеца, заедно со неговите претходни на неодамнешниот Саем на книгата предизвика голем интерес кај читателската публика и беше едно од најпродаваните. Во „Будење на позитивната енергија“ во посебни целини се појаснуваат емоционалните состојби со посебен фокус за наоѓање на вистинското решение за емоционален развој. Таа е вистински водич за сите кои бараат излез од психофизичката криза и кои преку будење на животната енергија ќе создадат „ново, посреќно Јас“, кое ќе се програмира кон успехот со позитивно програмирање на умот.
Секој човек сака да ја открие среќата и да го избегне страдањето. Но, како да се биде среќен во свет исполнет со многу болки, страдања и несреќи? Негативните случувања се насекаде околу нас, така што е потребна голема свесност, будност и мудрост за да се заштитиме од сѐ што може да ја загрози нашата личност. Да се биде во мир со самите себе е најголемата вредност на постоењето. За жал, честопати ние самите ги создаваме причините за нашата несреќа. Негативното размислување и неспособноста да ги цениме и да ги реализираме потенцијалите што ги поседуваме создаваат неуспех, стагнација и незадоволство во животот… Будењето на позитивната енергија е основен предуслов за постигнување мир и хармонија во животот, а формулата на кој начин да се заштитиме од негативните влијанија и да го откриеме својот потенцијал, како да ги препознаеме енергетските вампири, ја открива проф. д-р Зоран Крстевски во неговата најнова, 13. по ред книга „Будење на позитивната енергија“. И ова дело со потпис на нашиот познат филозоф, астролог и редовен колумнист во весникот ВЕЧЕР, кое излезе од печат пред два месеци, заедно со неговите претходни на неодамнешниот Саем на книгата предизвика голем интерес кај читателската публика и беше едно од најпродаваните.
– Борбата на доброто со злото е насекаде околу нас, па дури и во нас. Човекот одлучува кон што ќе се насочи и какви вредности ќе застапува. Многумина се определиле идеја водилка да им бидат алчноста, егоизмот, ниските страсти, уништувањето на општото добро и служењето на лошата енергија. Некои други, пак, ја бараат својата животна цел и смисла во позитивните вредности, придонесот за општото добро, духовноста, етиката и во воздигнувањето на категориите чесност, хуманост и одговорност…, вели д-р Крстевски за влијанието на позитивната и негативната енергија, која детално ја објаснува во „Будење на позитивната енергија“. Посочува дека постојат три услови за постигнување на животната перспектива. Тоа се постојана работа на себе, грижа за сопствената душа и отворен ум. Потсетува дека енергијата што секој од нас ја рефлектира привлекува иста таква енергија, а позитивната мисла создава позитивна реализација. И посочува дека кога иницираме убава енергија, зрачиме и привлекуваме позитивни вибрации и постигнуваме внатрешна хармонија…
-Иако е нереално да очекуваме дека современото живеење, кое е опфатено со многу промени, борби, тешкотии и неизвесност, може да биде имуно на стрес, страв и отуѓување, сепак секој човек посакува стресот и разните егзистенцијални притисоци што помалку да бидат присутни во неговиот живот. Во тој поглед, проблемот не е во стресот, кој сѐ повеќе станува наша судбина, туку во тоа како реагираме на стресните ситуации и притисоци. Понекогаш средбата со негативното и соочувањето со страдањето се можност за духовно будење и осознавање кон какви животни цели ја водиме својата личност, додава д-р Крстевски и поучува „гледај го убавото, насочи се кон позитивното и уживај во инспиративното“.
„Будење на позитивната енергија“, всушност, ја открива тајната формула како да ги прифатиме нештата што не можеме да ги подобриме, да го пронајдеме мирот со себе и смислата во животот, да ја разбудиме креативноста, да создадеме ново – посреќно Јас, да креираме позитивни промени, да се ослободиме од емоционалниот отров, да се дистанцираме од негативните лица и вибрации… Тоа го потенцира и професорот Кирил Темков, кој во рецензијата напиша: „Книгата ‘Будење на позитивната енергија’ ја враќа личноста кон големите мајстори на позитивното мислење, психолози и филозофи, на почетокот на 20. век, кои извршија вистински наплив кон развивање на хуманоста, која се закануваше да исчезне пред налетите на светските и локални војни. Барањето за будење на позитивната енергија е составен дел на современата широкострана етика на човештвото и знак дека човекот не се предава пред негативните состојби, туку може, и има сили, да пронајде пат за своја и туѓа среќа“. Проф. д-р Темков, чиј достоен следбеник е д-р Крстевски, додава дека со оваа книга авторот ја докажува својата научна посветеност кон откривањето на тајните и вредностите на постоењето и претставува пример за врвно изградена личност, за извонреден мислител и за одличен писател.
Во „Будење на позитивната енергија“ во посебни целини се појаснуваат емоционалните состојби со посебен фокус за наоѓање на вистинското решение за емоционален развој. Таа е вистински водич за сите кои бараат излез од психофизичката криза и кои преку будење на животната енергија ќе создадат „ново, посреќно Јас“ кое ќе се програмира кон успехот со позитивно програмирање на умот.
Д-р Зоран Крстевски со своите 13 книги од областа на психологијата, астрологијата, филозофијата и популарната психологија, се вбројува во најпопуларните и најчитани македонски автори, а меѓу читателската публика е особено познат по едукативните трибини за личен развој кои години наназад ги организира ширум Македонија.