Новак Ѓоковиќ е, без сомнение, еден од најголемите тенисери на сите времиња. На 38 години, тој е сè уште активен, игра на највисоко ниво, но е видливо дека возраста е проблем кога станува збор за дуелите со младите тенисери како што се Карлос Алкараз и Јаник Синер.
Иако лесно ги победува другите, ова дуо му ги расипа плановите да ја освои својата 25. гренд слем титула оваа година. Тој беше запрен на еден чекор до историјата.
Новак објави дека ќе игра сè додека неговото тело го слуша. Сепак, има многумина што веруваат дека збогувањето со тениската легенда може да дојде на турнирот на кој победи таа најмногу пати – Австралија опен.
Ѓоковиќ го крена трофејот на овој гренд слем 10 пати, но, можеби, следниот турнир во Австралија ќе му биде последен во кариерата, барем според неговата последна порака на „Инстаграм“.
- Сонувајте за нешто големо. Осмелете се да сонувате затоа што сè е можно. Не дозволувајте никој да ви го одземе сонот. Не е важно од каде доаѓате. Всушност, мислам дека колку е потешко вашето детство, колку повеќе тешкотии и предизвици имате толку посилни станувате. Навистина, не дозволувајте никој да ви го одземе тој сон. Негувајте го и полевајте го како што ги полевате цвеќињата. Дури и ако постои само една личност на овој свет што ќе ги прифати, прегрне и ќе ги поддржи вашите соништа, пронајдете ја таа личност и сонувајте за нешто големо. Можете да го направите тоа! – напиша Новак.
Новак освои вкупно 100 титули во текот на својата кариера. Тој заработи речиси 200 милиони долари преку турнири и моментално е четврти на АТП-листата.
За жал, нема уште многу долго да уживаме во неговите игри. Времето за збогување се ближи и само е прашање кога ѝ ќе стави крај на својата богата кариера.