epa12227640 Novak Djokovic of Serbia cools down during his Men's Singles quarter-finals match against Flavio Cobolli of Italy at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 09 July 2025. EPA/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

Од 24 август  до 7 септември, ќе се одржи последниот грен слем турнир сезонава САД Опен, каде ќе настапи и најуспешниот тенисер во историјата Србинот Новак Ѓоковиќ. Последен пат Ѓоковиќ славеше на Отвореното првенство на САД во 2023 година, и се чини дека ќе му биде тешко да освои уште еден трофеј, барем така тврдат познатите обложувалници.

Квотата за Новак да го освои трофејот во Њујорк е дури 11 – понижувачки за најдобриот тенисер во историјата.  Од друга страна, Јаник Синер е апсолутен фаворит, а коефициентот за триумф на Италијанецот е само 2, додека коефициентот на Карлос Аклараз е 2,7.

Судејќи според рејтинзите на обложувалниците, на Новак му е црно пишано покрај Алкараз и Синер, но можеби Ѓоковиќ ќе ги демантира оболжувалниците со неговиот настап во Њујорк

Ноле беше запрен во полуфиналето во двата наврати оваа сезона, прво на Ролан Гарос, а потоа и на Вимблдон од Јаник Синер. Ѓоковиќ моментално е на одмор со своето семејство и ги полни батериите за претстојните тешки обврски што го очекуваат.

ИЗДВОЕНИ