Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно негативно одговори на пишувањата за неговото пензионирање. Во последните неколку години, се чини дека повеќе се зборува за неговото пензионирање отколку за што било друго. Тој постојано мора да одговара на прашањата за тоа кога ќе се пензионира, дали размислува за тоа, колку долго планира да игра…
Исто така, беше и во Атина, каде што имаше малку поконцизен одговор.
- Оставете ме на мир! Оставете ме да играм и да се забавувам! Нема одбројување. Секако дека ми паѓа на ум, но одам со мое темпо. Ќе прекинам кога ќе сакам, а не кога мислат другите дека треба – истакна Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ наполни 38 години во мај, а кратко потоа ја освои 100. титула во својата кариера, во Женева. Сега, во Атина, го напаѓа 101. трофеј.











