EPA/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната на четвртото место на АТП листата, иако е убедливо најдобриот играч по Карлос Алкараз и Јаник Синер, кои ги поделија сите најважни титули оваа сезона. Сепак, додека се бореа за трофејот на Завршниот Мастерс во Торино, Ѓоковиќ урна уште еден рекорд  рекордот.

Новак го урна рекордот по бројот на недели во ТОП 4 на планетата. Имено, тој сега стигна до 808-та недела во ова ексклузивно друштво. Тој беше најдобар на планетата 428 недели, помина 171 недела на второто место, беше на третото место 157 недели, а сега помина една година на четвртото место, точно  – 52 недели. Тоа се вкупно 808 недели во ТОП 4, што е неверојатна серија од 16 години.

Тој дополнително ќе го зголеми овој рекорд за околу осум недели или дури и повеќе бидејќи сезоната е завршена и никој нема да може да го престигне пред Отвореното првенство на Австралија.

ИЗДВОЕНИ