EPA/ALEX PLAVEVSKI

Најдобриот тенисер на денешницата Србинот, Новак Ѓоковиќ, моментално се подготвува за турнирот во Атина (оној што беше преместен од Белград), а слободното време го искористил за да оди на натпревар од Евролигата со својот син Стефан.

Тој го гледал натпреварот помеѓу Панатинаикос и Макаби од ложата, а успеал да ги подели навивачите во салата ОАКА кога преку звучникот беше објаснето дека Ѓоковиќ е во салата.

Потоа следеале свирежи од навивачите на атинскиот клуб, кои очигледно не заборавијле дека Ѓоковиќ е навивач на Црвена звезда, но и дека на последниот натпревар на „црвено-белите“ во Белград против Басконија, тој скокнал и отпеал со навивачите песна посветена на најголемиот ривал на Панатинаикос, Олимпијакос.

Турнирот во Атина е на програмата од 2 до 8 ноември, а заедно со Ѓоковиќ, во видеото може да се види и Борис Бошњаковиќ, аналитичар и тренер на Новак.

ИЗДВОЕНИ