Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварувањето на егзибиционистичкиот турнир во Ријад, а по обврските на теренот, реши слободното време да го искористи за средба со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо. Така, најдобриот тенисер на сите времиња беше фотографиран со најдобриот фудбалер на сите времиња, на општо задоволство на многу фанови.
За што разговараа спортските легенди, ќе остане тајна. Она што може да се види на двете фотографии од тенисерот и фудбалерот е дека тие се во друштво на неколку луѓе, седат во градината на хотелот и разговараат. Неодамна, Новак имаше можност да разговара со Леброн Џејмс во Ријад, а во таа пригода одговори на прашањето за пензионирањето споменувајќи врвни спортисти, па можеме да претпоставиме дека и со португалскиот репрезентативец разговарал за долговечноста на теренот.
„Долговечноста е една од моите најголеми мотивации. Сакам да видам колку далеку можам да одам. Погледнете другите спортисти како Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Том Брејди. Неверојатни се. Тие ме инспирираат, сакам да продолжам. Тоа е една од мотивациите“, започна Новак.
„Сакам да доживеам повеќе, она што го мислам под играње тенис е чекање на промените што доаѓаат во нашиот спорт. Многу сум возбуден поради тоа. Има работи што се случуваат и за кои не можам да зборувам во овој момент. Чувствувам дека тенисот е спорт што многу ќе се промени и сакам да бидам дел од таа промена. Сакам да играм кога ќе го подмладиме нашиот спорт и ќе поставиме нова платформа што ќе трае со децении“, додаде Ѓоковиќ.