EPA-EFE/YOAN VALAT

Казахстанскиот тенисер Александар Бублик даде интересна изјава за својот српски колега Новак Ѓоковиќ, за кого кажа само пофални зборови и рече дека сите треба да учат од него.

Бублик е дециден дена Ѓоковиќ е најголем тенисер на сите времиња и изјави дека се гордее што има можност да живее во ова време, кога има шанса да ги гледа неговите мајстории.

– Низ годините, Новак покажа дека е најдобар, тоа не е повеќе спорно. Ако е некој во дилема, само нека ги види неговите успеси. Едноставно е, тој што има освоено најмногу не може да не биде најдобар. Ако навлегуваме во вкусовите, секој може да има свој фаворит, но ситуацијата тука е сосема јасна. Сите треба да учиме од него, тој имаше подеми и падови, но никогаш не се откажа од идејата да биде на врвот – рече Бублик.

Ѓоковиќ во моментов е петтопласиран на АТП-листата и се подготвува за настап на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон.

На претходниот грен-слем турнир стигна до полуфиналето, каде што беше поразен  од светскиот тениски рекет број еден, Италијанецот Карлос Алкараз.

 

ИЗДВОЕНИ