Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“, пренесе „Хина“.
Новиот договор, склучен од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-министер за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто ја поздрави новата „златна доба“ на соработка меѓу двете земји.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
МВМ во последните месеци потпиша договори со британската „Шел“, француската „Енџи“ и азербејџанската „СОКАР“.












