Тајланд започна воздушни напади по спорната граница со Камбоџа во понеделник откако двете земји се обвинија меѓусебно за кршење на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тајландската војска соопшти дека воздушните напади биле започнати откако еден тајландски војник бил убиен, а четворица други биле ранети во судирите по нестабилната граница меѓу двете земји, објавува „Гардијан“.
Тајландските воздухопловни сили соопштија дека користат воени авиони за да напаѓаат воени цели во неколку области, обвинувајќи ја Камбоџа за мобилизирање на тешко оружје и прегрупирање на борбени единици.
Министерството за национална одбрана на Камбоџа го обвини Тајланд за најновата ескалација, велејќи дека тајландските сили започнале напад врз камбоџанските трупи утрово, а Камбоџа не возвратила, и покрај провокативните акции во последните денови, објавува „Танјуг“.
Борбите се разгоруваат само шест недели откако Трамп посредуваше во договорот за прекин на огнот.
Најмалку 48 лица се убиени во борбите досега, а 300.000 биле принудени да ги напуштат своите домови.












