петок, февруари 20, 2026
Дома БАЛКАН Нова трамвајска несреќа во Сараево, за среќа полесна. Возел трамвај дрогиран, со...

Нова трамвајска несреќа во Сараево, за среќа полесна. Возел трамвај дрогиран, со истечена возачка дозвола и се судрил со автомобил

43

Возач на трамвајот кој вчера бил  вклучен во сообраќајна несреќа во Сараево возел под дејство на дрога и со истечена возачка дозвола. Во судирот меѓу трамвај и автомобил во близина на Царевскиот мост, двајцата возачи се полесно повредени, пишува Klix.ba.

По несреќата, полицијата го тестирала возачот на трамвајот за присуство на алкохол и дрога. Алкотестот бил негативен, но тестот за дрога покажал дека возачот бил позитивен на недозволени супстанции. Исто така, било утврдено дека  Н.К. (1987) од Сараево, кој управувал со трамвајот, немал важечка возачка дозвола, бидејќи му била истечена.

Полициската управа Стари Град ќе покрене прекршочна постапка пред Општинскиот суд во Сараево против возачот Н.К., како и против правното лице КЈКП „ГРАС“ и одговорното лице во таа компанија.

Несреќата се случила синоќа во близина на Башчаршија. Двајцата возачи биле пренесени во болница, каде што им биле констатирани полесни повреди. На двете возила е причинета материјална штета.

ИЗДВОЕНИ