Илјада станбени единици во населбата Александрија, во Општина Ѓорче Петров, ќе имаат можност да се приклучат на централното парно греење. Вчера започнаа подготовките за изградба на нова топловодна мрежа во оваа населба.
Се работи за инвестиција од 40.000.000 денари во нова топловодна мрежа, на ЕСМ – Дистрибуција на топлина.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека целата активност е од витално значење за задоволување на растечките потреби за снабдување со топлина на објектите, како и за намалување на загадувањето на воздухот.
-Проектот предвидува изградба на линeјска инфраструктурна градба на нов секундарен вод во населбата Александрија, на улицата „Новопланирана“ – краците „2“, „4“ и „ 5“ – потенцираше Стојкоски.
Проектот е во фаза на техничка подготовка, со извршен увид и планирање на следните фази за започнување со градежните активности.