Foto: Facebook/Mostar Danas

Во Мостар се случи инцидент што можеше да има трагичен исход, кога странски турист (подоцна идентификуван како Швајцарец по име Лука Бонт) непрофесионално скокнал од Стариот мост во студената река Неретва, игнорирајќи ги предупредувањата од локалните жители, објавува Црна-Хроника.

Видео клип, кој брзо се шири на социјалните мрежи, прикажува млад човек како скока преку ограда и влегува во реката без претходно предупредување или каква било заштитна опрема.

Присутните граѓани реагираа бурно, а дел од толпата се обидоа да го спречат, свесни за ризиците што ги претставува таков чин за неподготвена личност.

Откако излегол од реката, група разбеснети жители на Мостар му се приближиле на туристот и физички го нападнале, изразувајќи негодување поради неговата неодговорност.

Според сведоците, нападот бил реакција на страв и гнев бидејќи туристот ги загрозил животите на децата во чамецот, но исто така прекршил една од најважните локални традиции.

Скокањето од Стариот мост во Мостар е вековна традиција, но бара сериозна физичка подготвеност, претходна обука и известување. Висината на мостот е околу 24 метри, а температурата на реката Неретва може да биде екстремно ниска дури и во лето.

Професионалните скокачи, кои учествуваат на натпревари под надзор на организаторите, со години апелираат дека ваквите аматерски обиди можат да резултираат со сериозни повреди, па дури и смрт.

Иако локалната заедница се чувствува вознемирена од инцидентот, властите сè уште не издале официјално соопштение, сè додека не се разјаснат сите околности на инцидентот.

ИЗДВОЕНИ