Нова снимка од инцидентот во Црна Гора дава друг тек на настаните: Подгоричаните први ги нападнале Турците?/ВИДЕО

2454
screenshot Facebook Demir Hodzic

Новите снимки од инцидентот во Подгорица, за кој првично се веруваше дека е напад од турски граѓани вооружени со ножеви врз жителите на Подгорица, покажаа поинаков тек на настаните од она што претходно беше презентирано на јавноста.

Подгоричанецот М.Ј. наводно бил нападнат во Забјело од граѓани на Азербејџан и Турција. Сега се појави видео во забавена снимка на кое, според активистот Демир Хоџиќ, жителот на Подгорица кој бил во друштво со ранетиот млад човек се гледа како носи нож во рака.

„Еден од нив, четвртиот во редот што истрчува од кафулето, држи голем кујнски нож во десната рака и се движи агресивно кон турските граѓани. Настанува турканица и тепачка. Во тој момент, турски/азербејџански државјанин, во врева и самоодбрана, му го одзема ножот на жителот на Подгорица. Ова се гледа во моментот кога напаѓачот на жителот на Подгорица се враќа во кафулето без нож во рака, додека ножот е на спротивната страна од тој момент“, тврди Хоџиќ, а пренесува „РТЦГ“.

Тој објави видео кое, според него, докажува дека Црногорцте први ги нападнале странски државјани. Гореспоменатите тврдења ги објави и порталот Kodex.me.

Повредениот жител на Подгорица М.Ј. изјави за „Вијести“ дека бил нападнат без причина.

– Тројца или четворица турски државјани одеа по тротоарот и ни викаа нешто на турски. Ги прашав дали има проблем, а еден од нив ми рече дека има. Беше маж на околу 30 години, со темен тен, црна коса и брада, висок околу 180 сантиметри и со голема градба, облечен во црна маица и фармерки. Му се приближив и тогаш избувна тепачка. Додека се боревме, видов уште двајца мажи – едниот имаше околу педесет години, со седа коса и погуста брада, облечен во црвена маица, додека не се сеќавам на другиот. Потоа ме удрија неколку пати со раце и нозе, а потоа ме избодоа со нож по телото – рече М.Ј.

Тој додаде дека успеал да го погоди еден од напаѓачите и да избега, додека тие го бркале со поголеми ножеви во рацете.

– Ме бркаа по улицата сè додека не застана автомобилот што ме превезе до Ургентниот центар. Лекарите ми дијагностицирале седум убодни рани и отворена повреда на главата – рече М.Ј.

Девојката на повредениот млад човек, исто така, проговори за медиумите и рече дека напаѓачите веднаш извадиле ножеви и го нападнале.

Полицијата, по наредба на обвинителот, ги уапси Ј. Г. (31), државјанин на Азербејџан, и Н. Д. (54), државјанин на Турција, под сомнение дека му нанеле повреди на жител на Подгорица.

Исто така, 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан, беа приведени синоќа во просториите на Одделот за безбедност во Подгорица, и беа предмет на кривична обработка, како и проверка во врска со законитоста на нивниот престој на територијата на Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ