„Парамаунт“ им се обрати директно на акционерите на „Ворнер Брос. Дискавери“ со целосно готовинска понуда за компанијата, за која велат дека е повредна од понудата на „Нетфликс“ објавена во петокот.
Се очекуваше „Парамаунт“ да биде главен фаворит за „Ворнер Брос“, но „ВБД“ – која е матична компанија на „Си-Ен-Ен“, а се одлучи за „Нетфликс“, за кој рече дека понудил попрофитабилен договор, објави „Си-Ен-Ен“.
Предложеното спојување со „Нетфликс“ ги изненади холивудските инсајдери – вклучувајќи го и извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон, кој продолжува да тврди дека неговата понуда била подобра.
„Работиме на Вол Стрит, каде што готовината е сè уште крал. На акционерите им нудиме 17,6 милијарди долари повеќе во готовина од договорот што моментално го имаат со „Нетфликс“. И веруваме дека кога ќе видат точно што има во нашата понуда, ќе гласаат за неа“, рече Елисон во интервју за „Си-Ен-Би-Си“ во понеделник.
„Парамаунт“ понуди 30 долари по акција во целосно готовинска понуда за целата компанија, додека „Нетфликс“ понуди 27,75 долари за „Ворнер Брос“ и „ХБО“ – 23,25 долари по акција во готовина и 4,50 долари во акции.
„Нетфликс“ верува дека идното одвојување на кабелските бизниси на „ВБД“, вклучувајќи го и Си-Ен-Ен (што не е вклучено во договорот со Нетфликс), ќе вреди неколку долари по акција, што на крајот ќе ја надмине вредноста на понудата на Paramount.
„Парамаунт“ , за разлика од „Нетфлис“, сака да го купи целиот „ВБД“, без исклучоци.
Во понеделник, „Парамаунт“ изјави дека одлуката ќе зависи од акционерите на „ВБД“.
„Акционерите на ВБД заслужуваат можност да ја разгледаат нашата супериорна, целосно готовинска понуда за нивните акции во целата компанија. Нашата јавна понуда, која е идентична со условите што приватно ги презентиравме на Управниот одбор на „Ворнер Брос. Дискавери“, обезбедува поголема вредност и побезбеден и побрз пат до затворање на трансакцијата. Веруваме дека Управниот одбор на ВБД бара инфериорна понуда“, рече Елисон во соопштението.
Покрај тоа што тврдеше дека неговата понуда нуди поголема вкупна вредност за акционерите на „ВБД“ лисон исто така тврдеше дека понудата на „Парамаунт“ е поверојатно да добие регулаторно одобрение.
Тој истакна дека договорот со „Нетфликс“ ќе ја спои најголемата платформа за стриминг (Нетфликс) со HBO Max, третата по големина, што би можело да изгледа неприфатливо за антимонополските регулатори.
Елисон, исто така, го истакна својот позитивен однос со претседателот Доналд Трамп (кој во неделата, исто така, истакна дека има добар однос со Тед Сарандос, коосновачот на Нетфликс).
Елисон се обрати и на потрошувачите и на индустријата. Во понеделник, тој за CNBC изјави дека договорот Netflix-WBD би значел „смрт на театарската филмска индустрија во Холивуд“.
„Лошо е за потрошувачите, лошо е за креативната заедница. Ние сме тука и се обидуваме да ја спасиме“, рече Елисон.












