Единаесет лица беа повредени денес, од кои едно потешко, кога компресор за воздух за конфети топ експлодираше за време на карневалот во швајцарскиот град Шабле во кантонот Вале, објавија локалните медиуми.
Инцидентот се случил за време на карневалска парада, а истрагата ќе ја утврди точната причина и сите околности, соопшти полицијата.
Четири амбулантни возила, три хеликоптери и мобилна единица за интензивна нега интервенираа на местото на несреќата.
Организаторите на карневалот не сакаа да коментираат за инцидентот.












