Нова мистериозна смрт во Москва: Телото на руски медиумски магнат е пронајдено под прозорец

66

Телото на 87-годишниот Вјачеслав Леонтиев, руски медиумски магнат и поранешен раководител на издавачката куќа „Правда“, е пронајдено во Москва. Леонтиев е пронајден под прозорецот на својот стан, наводно паднал низ прозорецот од 21 метар.

Руската полиција истражува дали станува збор за несреќа, самоубиство или кривично дело.

Протераниот новинар Андреј Малгин ја коментираше оваа „чудна смрт“ со зборовите: „Падовите од прозорците продолжуваат…“

Малгин додаде дека Леонтјев личел на „милионер од подземјето“.

„Тој знаеше многу за „партиските пари“ – издавачката куќа „Правда“ беше најпрофитабилното претпријатие во бизнис-империјата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз“, беше цитиран од „Дејли меил“, кој исто така наведува дека постојат непотврдени извештаи дека Леонтјев имал здравствени проблеми.

Телото на Леонтјев беше пронајдено во саботата навечер.

Русија во последните години доживеа низа слични смртни случаи на врвни менаџери на големи компании.

Најновиот таков случај се случи во јули оваа година, кога потпретседателот на „Транснефт“ Андреј Бадалов (62) почина откако падна од зграда во елитниот московски кварт Рубљовка.

ИЗДВОЕНИ