Нова истрага за злоупотрeбите во Онкологија?

165

Можно е отворање на нова истрага за злоупотреба при набавка за лекови во Клиниката за онкологија за периодот за кои се однесува обвинението за злоупотребите со скапата терапија и несоодветното лекување, најавија од Обвинителството. Новата истрага се води по ревизорскиот извештај за работата на Клиниката во која ревизорите утврдиле неправилности при пописот на залихите и управувањето со истите, односно дека  бројот на лековит водени по книга и на лице место не бил усогласен. Во делот со лекувањето со биолошка терапија се давало одобрение од медицинскиот директор без да земе предвид дали клиниката има доволни количина лекови за покривање на потребите на сите пациенти. Биолошката терапија според ревизорскиот извештај била набавувана на реверс и за нив немало формирана цена.

-Во Клиниката не се донесени медицински протоколи со кои ќе се постават критериуми за тоа кој пациент треба да прима биолошка терапија, ниту пак се носеле одлуки за тоа на научен колегиум. Тоа прави ризик биолошката терапија да не е достапна за секој пациент на кого му е препишана“, констатирал Државниот завод за ревизија во извештајот од 2021.

Обвинителот Љупчо Коцесвки рече дека обвинетите директори и онколози во случајот Онкологија не доставиле докази со кои би се спротивставиле на обвинението. Од вештачењето  во Словенија и Србија на 65 медицински досиеја на пациенти лечени во клиниката се утврдило дека им била давана несоодветна терапија, спротивна на протоколите за лекување.  Во предметот на Основното јавно обвинителство „Онкологија“,обвинети се поранешните директори на Клиниката за радиологија и онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи. Меѓу обвинетите во второто обвинение има уште тројца лекари онколози од Клиниката. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ