Новата 2026 година беше прославена во Јапонија, Северна Кореја и Јужна Кореја во 16 часот по централно европско време, а јавните прослави беа откажани во многу делови од Токио поради безбедносни причини, пренесе „Танјуг“.
Според „Гардијан“, јавните прослави се откажани шеста година по ред.
Прославата беше откажана на главната железничка станица Шибуја, меѓу другите места. Прославата во Сеул беше организирана на плоштадот Гвангвамун, со огномет и светлосна претстава.
Новата година беше прославена на источниот брег на Австралија во 13 часот по централно европско време, со огномет во Сиднеј во близина на Операта, Мелбурн и други градови.
Еден час пред Австралија, Нов Зеланд ја пречека Новата година во 12 часот по централно европско време со огномет и прослави низ целата земја.
Пред Нов Зеланд, Новата Година пристигна на пацифичките острови Самоа, Тонга, Маршалските Острови, Фиџи, Тувалу, Киритимати (Велигденски Остров), каде што жителите ја дочекаа 2026 година претежно на плажа или во плажни барови.
Поради нивната временска зона, Новата Година пристигна во 11 часот наутро по централноевропско време.
Потребни се 26 часа за целата планета да влезе во новата 2026 година, па Бразил (04 часот наутро по централноевропско време), Њујорк (06 часот наутро) и Лос Анџелес (09 часот наутро) ќе бидат последни што ќе ја дочекаат Новата Година.












