Нов вознемирувачко видео од трагедијата во Кран-Монтана: Таванот пламнува од прскалки на шишиња шампањ, присутните денсаат и снимаат со мобилните/видео

1705
Фото:принтскрин, видео Инстаграм

На социјалните мрежи се појави ново, вознемирувачко видео од пожар во бар во луксузниот ски-центар Кран-Монтана во Швајцарија, кое јасно го покажува моментот кога избувнал пожарот. Додека келнерите внесувале шишиња шампањ со прскалки, таванот се запалил, а некои од гостите, наместо да го напуштат местото, продолжиле да танцуваат и да ја снимаат драмата што се одвивала пред нивните очи, пренесе „Курир“.

Еден од присутните младичи, кој е најсмирен, се обидува да го изгасне пожарот со маицата. Друг извикува: „Гори, гори“ .

Во исто време, неколку од собраните продолжуваат да се забавуваат и да скокаат во ритамот на музиката, додека неколкумина од нив ги користат своите мобилни телефони за да снимаат што се случува…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tg3 (@tg3rai)

Под видеото објавено на „Инстаграм“ беа објавени неколку коментари.

„Ова е доказ дека паметните телефони и социјалните мрежи ја избришаа свеста и значително го зголемија незнаењето кај младите луѓе. Наместо да ја разберат вистинската опасност, тие претпочитаа да ја снимат сцената и да размислат да ја објават на социјалните мрежи. Оставени сме сами!“, пишува во еден од коментарите.

„Општество кое размислува колку е важно да се објави видео, наместо да размислува за сопствената безбедност и безбедноста на другите“, пишува во друга порака, во која се додава:

„Да избегаа наместо да снимаат лоши видеа, веројатно сите ќе беа неповредени, но на овој свет, прво снимаш, а потоа размислуваш за спасување на сопствената кожа. Колку тажно.“

ИЗДВОЕНИ