Министерството за животна средина и просторно планирање ќе инвестира милион евра за изградба на нов водовод во населбата Саат Кула во Општина Чаир.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, нагласи дека се работи за целосна изградба на атмосферска и фекална канализација, која ќе им служи на преку 2.000 жители од оваа населба.

– Се работи за проект вреден преку милион евра во оваа населба, во која години наназад воопшто не е инвестирано. Најбитно е што ова се последните азбестни цевки кои се канцерогени и нездрави за граѓаните од овој дел. Не се инвестира парцијално, туку целосно, целата подземна инфраструктура за овие улици и улички каде има околу 2.000 жители – изјави Меџити.

Тој додаде дека овој регион е дел од Скопската чаршија, каде има десетици хотели, и затоа е многу битен за сместување на туристите кои доаѓаат од разни дестинации.

Меџити нагласи дека оваа инвестиција директно помага и за ревитализација и на Старата скопска чаршија.

 

ИЗДВОЕНИ