Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне, во текот на ноќта и во недела, се очекуваат врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Според најавата, локално ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, додека во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе биде од северозапад.
Во понеделник во текот на ноќта и во вторник се очекува заладување со нови пообилни врнежи. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
За подрачјето на Скопје, од утре попладне до недела се прогнозираат повремени врнежи од дожд со услови за грмежи. Во вторник се очекуваат нови врнежи, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.












