сабота, февруари 14, 2026
Дома СКОПСКА Нов урбан парк со отворен плоштад во Марино

Нов урбан парк со отворен плоштад во Марино

78

Марино ќе добие  нов урбан парк со повеќе содржини. Паркот чија  изградба е во тек е сместен помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“, на површина од приближно 5.600 квадратни метри.

Од Општина Илинден информираат  дека проектот предвидува комплетно партерно уредување, инсталација на улично осветлување, поставување на чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и сервисна улица.

-Просторот ќе содржи зелени површини, отворен плоштад за јавни настани, фонтана во централниот дел, жардињери со декоративни растенија и детско игралиште опремено со реквизити за најмладите – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски нагласи дека уредувањето на јавниот простор и неговата урбанизација се клучни за обезбедување на квалитетна средина за одмор и рекреација на жителите.

ИЗДВОЕНИ