Нов урбан парк го разубавува Марино

27

Нов урбан парк со повеќе содржини е изграден во населеното место Марино.

Од Општина Илинден информираат дека паркот се наоѓа меѓу улиците „531“, „532“ и „534“ и зафаќа површина од околу 6.000 квадартни метри.

-Просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица. Паркот е збогатен и со зелени површини, отворен плоштад наменет за јавни настани, централна фонтана, жардињери со декоративни растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за најмладите – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека уредувањето на јавните простори е од суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на граѓаните.

Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со активности за унапредување на јавната инфраструктура и создавање урбано уредени простори во сите населени места низ општината.

ИЗДВОЕНИ