Нов удар за Русите: Украинските дронови погодија голема рафинерија/ВИДЕО

156
x screenshot

Украински беспилотни летала погодија голема руска рафинерија во Салават во Башкортостан, која се наоѓа на 1.300 км од границата со Украина.

„Способноста на Украинците да погодат стратешки руски цели на толку големи растојанија е повторно импресивна“, оцени грчкиот портал „pronews“.

На социјалните мрежи беа објавени и видеа во кои се наведува дека „украинските беспилотни летала пристигнале во Башкортостан“ во Русија, на 1.300 км од границата, и дека го погодиле големиот петрохемиски комплекс „Газпром“ во Салават.

Исто така, командата на специјалните сили на вооружените сили на Украина денес објави дека нивните членови синоќа ја нападнале и руската рафинерија за нафта во Волгоград „Лукоил“ и дека работата на рафинеријата, според прелиминарните информации, е прекината.

ИЗДВОЕНИ