Нов удар врз руската авијација: Украинците соборија Су-35 над Курск/видео

1095
Фото:принтскрин

Украинските воздухопловни сили објавија дека утрово собориле руски борбен авион Су-35 во Курската област во Русија, објавува Киев Индепендент. Иако деталите за операцијата не беа откриени, според украинскиот Генералштаб, ова го зголемува вкупниот број на уништени руски авиони од почетокот на инвазијата на 414, пренесе „Индекс.хр“.

Украина започна прекугранична офанзива во Курската област во август 2024 година, што претставува прва голема инвазија на руска територија од страна на странски сили по Втората светска војна. Засилена од севернокорејските трупи, Русија започна контранапад во март и ја принуди Украина да се повлече од повеќето области првично окупирани, вклучувајќи го и градот Суз.

Украинските воздухопловни сили објавија и видео од соборениот Су-35.

Соборувањето на Су-35 дополнително ги зголеми загубите што ги претрпе руската авијација во изминатата недела.

ИЗДВОЕНИ