НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: Во Шпанија и Португалија измерени 40 степени

33

Шпанија и Португалија вчера беа погодени од нов топлотен бран со температури кои достигнаа од 37 до 40 степени Целзиусови, што е невообичаено за крајот на летото, објави Severe Weather Europe, повикувајќи се на податоци од мерењата на Meteocielo.

Според истражување објавено на почетокот на септември во Guardian, климатските промени ги направија ваквите екстремни температури 40 пати поверојатни отколку во минатото.

Научниците нагласуваат дека ова е јасен показател за сè почести и тешки временски аномалии предизвикани од глобалното затоплување.

Топлотниот бран доаѓа по летото во кое беа регистрирани поинтензивни пожари во Шпанија и Португалија отколку во претходните години.

Според истото истражување, нивниот интензитет е зголемен за околу 30 проценти, а експертите предупредуваат дека глобалното затоплување силно придонесува за фреквенцијата и обемот на пожарите, што ја побива тезата дека пожарите се исклучиво резултат на занемарување на руралните области.

Во исто време, истражувањето на Универзитетот во Манхајм, објавено од Luxembourg Times, проценува дека Европската Унија ќе претрпи до 43 милијарди евра економски загуби поради последиците од екстремните временски настани до крајот на 2025 година.

ИЗДВОЕНИ