Нов топлотен бран пред нас: Повторно екстремни жештини, можеби најдолготрајните ова лето

74

По долг период на нестабилност, почнувајќи од денес пристигнува ведро време, што значи зголемување на температурите. Зоната со висок притисок што постепено се формира над Европа ќе предизвика стабилизирање на времето, а прогнозите предвидуваат дека ќе трае во следните две недели.

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија следува подолг период на стабилно, суво и претежно сончево време со значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен и од североисточен правец.

И во Скопје  и околината следува подолг период на стабилно, суво, значително потопло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен правец.

Што се однесува до максималните дневни температури на воздухот кои во следниот период како што веќе најавив ќе бележат тенденција на значителен пораст, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот за време на овој нов топол бран од Африка ќе се искачува до околу 37 степени.

Пред нас е повторно значително топло време со високи летни температури на воздухот, но сепак, овој топол бран ќе биде со помал интензитет од претходниот, кога имавме навистина екстремно високи температури на воздухот.

ИЗДВОЕНИ