Нов топлински рекорд за јуни во Шпанија

79

Нов топлотен рекорд за јуни беше поставен во јужна Шпанија за време на викендот, кога температурите достигнаа 46 степени Целзиусови во градот Ел Гранадо, во близина на португалската граница.

Шпанската државна метеоролошка агенција AEMET го потврди рекордот во неделата, додека Шпанија и Португалија минуваат низ невообичаено ран и интензивен летен топлотен бран, пренесе Срна.

Претходниот јунски температурен максимум во Шпанија од 45,2 степени беше поставен во Севиља во 1965 година.

На југот на Шпанија, ноќната температура остана над 30 степени, ниво на топлина за кое експертите велат дека може да претставува сериозен ризик за здравјето.

Десетици градови низ Шпанија пријавија максимални температури над 40 степени, додека соседна Португалија е исто така погодена од екстремна топлина.

Во туристичкиот регион Алгарве на југот на земјата, највисоката температура достигна околу 40 степени, објави агенцијата ДПА.

ИЗДВОЕНИ