Нов сој на коронавирус: Пациентите се жалат на болки во грлото како некој да ги „сече со жилет“

371

Новиот сој на коронавирус, кој е поврзан со неодамнешниот пораст на случаи во некои делови од светот, е уникатен по тоа што пациентите се жалат на болки во грлото „како некој да ги сече со брич“.

Причината е што новата варијанта – означена како NB.1.8.1, позната и како „Nimbus“ – предизвикува екстремно болни болки во грлото кај заболените, наведуваат лекарите од Велика Британија, Индија и други земји, пренесува АП.

Сепак, експертите велат дека засега нема причина за загриженост за оваа варијанта. Како што објави Светската здравствена организација (СЗО) на 28 мај, зголемувањето на случаите на крајот од минатиот месец е забележано претежно во регионите на Источен Медитеран, Југоисточна Азија и Западен Пацифик. Во тој момент, „Нимбус“ сочинуваше речиси 11 проценти од генетски анализираните примероци ширум светот.  На американските аеродроми, оваа варијанта е откриена кај патници што пристигнуваат од гореспоменатите региони во држави како Калифорнија, Вашингтон, Вирџинија и Њујорк.

Оваа варијанта веројатно нема да предизвика потешка клиничка слика, „барем засега“, велат научниците. СЗО вели дека некои земји во регионот на Западен Пацифик пријавиле зголемување на случаите и хоспитализациите, но нема докази дека „Нимбус“ предизвикува потешка форма на болеста во споредба со претходните варијанти.

Според достапните податоци, вакцините што се користат моментално се сè уште ефикасни против новата варијанта. СЗО го класифицираше „Нимбус“ како „набљудувана варијанта“ и проценува дека ризикот за јавно здравје на глобално ниво останува низок.

ИЗДВОЕНИ