Нов случај го шокираше светот: Германец осуден за дрогирање и сексуално злоставување на сопругата и споделување снимки на интернет

104

Германски државјанин на 61 година, училишен чистач, беше осуден на осум години и шест месеци затвор за дрогирање и сексуално злоставување на својата сопруга во нивниот дом, како и за снимање и споделување на снимките на интернет без нејзино знаење.

Судот во Ахен го прогласи обвинетиот за виновен за тешко силување, тешка сексуална принуда, сексуален напад и нарушување на приватноста. Делата, кои судот ги класифицира како сериозно кршење на личните права, се случувале во периодот од 2018 до 2024 година.

„Обвинетиот тајно ја седирал и сексуално ја злоупотребувал својата сопруга во неколку наврати, а потоа снимките ги споделувал со други корисници на интернет и во групни разговори“, соопшти судот.

Обвинетиот има право на жалба во рок од една недела.

Пресудата доаѓа една година по случајот со Доминик Пелико во Франција, кој беше осуден за тешко силување и организирање масовни сексуални злоставувања на неговата сопруга, што предизвика широка општествена дебата за родово базирано насилство и мизогинија.

ИЗДВОЕНИ