Цrна Гора е соочена со нов скандал. Сега трага и по Лидија Митровиќ, поранешна специјална државна обвинителка, која не се појави за издржување на затворска казна, а по проверка на сите локации каде би можела да се наоѓа, по неа е распишана потерница. Таа е правосилно осудена на седум месеци затвор за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба.
Како што јави РТЦГ, Митровиќ им оставила писмо на домашните во кое пишува дека веќе не може да трпи неправда, а членовите на нејзиното семејство дале спротивставени информации, дека се наоѓа на подрачјето на Подгорица или на Будва.
Ова е втор скандал што ги погоди органите на прогон во Црна Гора, откако минатата недела пред очите на полицијата избега Милош Меденица, првостепено осуден на 10 години и два месеца затвор за организиран криминал со дрога, цигари и оружје. По него Интерпол распиша црвена потерница. Тој е син на поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, која исто така е обвинета на 10 години затвор за злоупотреба на должноста при помагање на криминалните дејства на нејзиниот син. Додека Весна Меденица од слобода чека одговор на нејзината жалба на пресудата, Обвинителството бара притвор за неа со образложение дека може да побегне, исто како и син и.












