EPA/FILIP SINGER

Одлуката на германската ски-скокачка Агнес Рајш, предизвика лавина од реакции на средина од Олимписките игри. Наместо поддршка, таа беше пречекана со критики затоа што го прескокнала тренингот поради менструални болки. Ова го отвори старото прашање – зошто менструацијата е сè уште табу тема во врвниот спорт?

„Денес добив менструација“, рече таа отворено.

Додаде дека и во тие моменти чувствувала голема вознемиреност. Нејзината одлука предизвика изненадувачки бурни реакции од јавноста. Некои од коментарите на социјалните мрежи беа исклучително негативни. Поединци ја обвинија дека бара изговори. Други го критикуваа фактот што воопшто зборувала за менструацијата јавно. Некои отидоа чекор понатаму.

И беше советувано да зема апчиња за да го прилагоди циклусот на натпреварите. Без оглед на можните несакани ефекти како што се вртоглавица, главоболки или зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Нејзината колешка од репрезентацијата Селина Фрајтаг застана во нејзина одбрана, а реакцијата на јавноста ја нарече едноставно „кул“.

EPA/FILIP SINGER

„Моето здравје и моето тело се на прво место“, изјави таа за „Билд“.

Темата беше сериозно анализирана во германскиот весник „Дер Тагесшпигел“.

Беше истакнато дека скокањето од скокалница во таква состојба може да значи сериозен ризик од повреда. И покрај ова, коментарите открија огромно неразбирање на женското тело во спортот.

Според анкетата на Би-Би-Си, дури 60 проценти од спортистките тврдат дека менструацијата влијае на нивните перформанси. Дури 40 проценти од нив се чувствуваат непријатно да разговараат за оваа тема со тренерите. Тоа покажува колку е сè уште стигматизирана оваа тема.

 

ИЗДВОЕНИ