Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала е регистриран денес на источниот брег на Камчатка, соопшти Германскиот центар за геолошки студии.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.
Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди крајниот источен дел од рускиот полуостров Камчатка на 30 јули , а оттогаш во оваа област се измерени стотици посилни земјотреси. Според Американскиот геолошки завод, земјотресот е рангиран како шести најсилен земјотрес во историјата.