Нов силен земјотрес го погоди крајниот исток на Русија

30

Нов моќен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди крајниот источен дел на Русија утрово, објави EMSC.

Земјотресот наводно се случил во близина на брегот на крајниот југ од полуостровот Камчатка.

Хипоцентарот бил на длабочина од околу 40 километри. Ова е најсилниот во серијата земјотреси што следеа на 30 јули, кога овој регион беше погоден од еден од најсилните земјотреси во историјата – земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала.

По овој земјотрес следеа стотици „афтершокови“, со јачина до 6,5.

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Меркалиевата скала се случи утрово во близина на Северокурилск во регионот Сахалин, изјави за РИА Новости раководителката на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск, Елена Семјонова.

„Земјотрес со магнитуда од 6,5 степени е регистриран во Тихиот Океан на 3 август во 16:37 часот по локално време (08:37 часот по московско време). Епицентарот се наоѓал на 124 километри источно од градот Северокурилск, на островот Парамушир, а фокусот бил на длабочина од 19 километри“, изјави сеизмологот.

Според соговорникот на агенцијата, жителите на Северокурилск го почувствувале потресот со магнитуда од четири степени според Меркалиевата скала.

ИЗДВОЕНИ