Новиот селектор на машката кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029, против Луксембург (во Скопје) и со Азербејџан (во Баку).
Шпанецот одреди 16 кошаркари, а меѓу нив повторно го нема Ненад Димитријевиќ. Покрај него, го нема ниту натурализираниот Ти-Џеј Шортс, кој настапува за грчки Панатинаикос.
Список на повикани кошаркари: Војдан Стојановски (МЗТ Скопје), Андреј Магдевски (МЗТ Скопје), Марин Петков (МЗТ Скопје), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје), Стојан Ѓуроски (МКК Куманово), Виктор Ефремовски (Работнички), Андреј Митревски (Пелистер), Лука Стојановски (Пелистер), Теодор Симиќ (Кожув), Виктор Ташовски (ТФТ Скопје), Амар Хот (Маџари 2023), Адем Мекиќ (Бора, Косово), Ваљмир Какруки (Сигал Приштина, Косово), Лејсон Зеќири (Башкими, Косово), Андреј Јакимовски (Тренто, Италија), Итан Хап (Бургос, Шпанија)











