сабота, февруари 21, 2026
Дома БАЛКАН Нов протест во Сараево поради трамвајската несреќа

Нов протест во Сараево поради трамвајската несреќа

14
Foto: Screenshot/Face TV

Граѓаните на Сараево денес учествуваа на нов, седми протест поради трамвајската несреќа во која на 12 февруари загина еден млад човек, а четири лица беа повредени.

Неколку стотици граѓани се собраа пред Националниот музеј, од каде што започна протестниот марш кон центарот на градот.

Главниот пат бил блокиран, додека граѓаните извикуваале „Правда“, носејќи транспаренти со натписи „Младост убиена од системот“, „Вашето молчење е најјасна оставка за нас“, „Доста со небрежност, животот не вреди пари“, пренесува Klix.ba.

Граѓаните бараат итно санирање на безбедносните ризици, назначување на професионални менаџери на сите слободни работни места во надлежните институции, воведување јасни критериуми за распределба на социјална помош на оние на кои им е потребна, преглед на буџетот според приоритетите со цел да се обезбеди дел од средствата за возниот парк и одржување, како и објавување на план со сите имиња на одговорните и со конкретни мерки и дефинирани рокови за решавање на проблемот.

На протестите, меѓу другите, повикаа Синдикатот на Универзитетот во Сараево, како и Студентскиот парламент на Универзитетот во Сараево и Синдикатот за основно и средно образование.

Еден ден претходно, Обвинителството на Сараевскиот кантон потврди за Радио Слободна Европа дека нема снимки од трамвајот што излетал од шините.

„Форензичката обработка на хард дискот отстранет од кабината на возачот утврди дека снимениот материјал не бил таму од 29 ноември 2025 година. Обвинителството, меѓу другото, утврдува зошто системот за видео надзор не функционирал“, изјави Кантоналното обвинителство.

ИЗДВОЕНИ