понеделник, февруари 16, 2026
Дома СКОПСКА Нов препумпен уред за фекална канализација во населбата Илинден

Нов препумпен уред за фекална канализација во населбата Илинден

89

Во населеното место Илинден се реализираат градежни работи за поставување и монтажа на препумпен уред.

Овој препумпен уред се поставува во најнискиот дел на ова населено место и ќе ги зафати водите од фекална канализација на улица „19“ и нејзините краци.

– Препумпниот уред ќе претставува собирно место од повеќе улици, од кои дел веќе имаат фекална канализација, но и улици каде што, во наредниот период, ќе се работи на изградба на фекална канализација – објаснуваат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека отпадните фекални води од овој препумпен уред ќе се препумпуваат во веќе изградената пречистителна станица во населбата Илинден и ќе се прочистуваат во неа.

– На овој начин се овозможува комплетно зафаќање, одведување и прочистување на отпадните фекални води, што претставува наша приоритетна заложба во насока на обезбедување квалитетни услови за живот на нашите граѓани, како  и подобрување и унапредување на животната средина – заклучи Георгиевски.

ИЗДВОЕНИ