понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Нов паркинг на улицата „Димо Хаџи Димов“

Нов паркинг на улицата „Димо Хаџи Димов“

416

Нов паркинг простор се гради на улицата „Димо Хаџи Димов“, на територијата на општина Кисела Вода.

Градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска која изврши увид во градежните активности информираше дека новиот паркинг ќе располага со капацитет од 21 паркинг место и е со површина од 326 квадратни метри.

Покрај паркингот, се изведува и атмосферски приклучок, со што ќе се спречи задржувањето на водата при врнежи, а ќе биде поставено и ЛЕД осветлување за поголема прегледност и безбедност во ноќните часови.

– Уредувањето на сообраќајот во мирување е континуиран процес на кој работиме постојано. Со овој зафат на улицата „Димо Хаџи Димов“ директно ќе им се олесни секојдневието на жителите. Ни беше важно паралелно со паркингот да го решиме и атмосферскиот одвод и да обезбедиме осветлување, за просторот да биде целосно функционален и безбеден за граѓаните – изјави Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ