Нов парк ќе никне на местото на дива депонија во Горно Лисиче

80

Општина Аеродорм денеска ги започна активностите за изградба на нов парк во Горно Лисиче на местото на дивата депонија што со години се таложела покрај стадионот во оваа населба.

Паркот ќе биде покрај улицата „Божин Николов“ на површина од 3.500 квадратни метри и ќе претставува убава и функционална зелена оаза за жителите на Горно Лисиче.

На почетокот на активностите присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески кој се запозна со динамиката на изградбата.

Во првата фаза ќе се расчистува теренот и шутот, потоа следува рамнење и на крајот зазеленување на површината, нејзино осветлување и хортикултурно уредување со патеки, клупи и канти за отпадоци.

-Целта на инвестицијата е да се создаде место за рекреација, дружба и опуштање, а со тоа да се придонесе и за еколошко подобрување на околината. Подигнувањето нови зелени површини и покрај постоењето на голем број паркови е дел од стратегијата на Општина Аеродром за унапредување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ