Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, за да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров.
Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на претпријатието, на улица „Ѓорче Петров“, до маркетот „Тинекс“ и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

Директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.
-Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите – соопштија од претпријатието.
Оттаму информираате дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.












