Израелската војска вечерва започна уште еден бран напади врз Иран, откако преку ноќ ги таргетираше нуклеарните постројки, јавува Би-Би-Си.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека системот за воздушна одбрана на Техеран пресретнал непријателски ракети и дека се случиле две експлозии во близина на нуклеарниот построј Фордоз, јужно од Техеран.
Според Би-Би-Си, сирени за воздушен напад се слушнале и во Израел, чии жители биле предупредени да останат близу до заштитените подрачја и да го намалат своето движење и времето поминато на отворено.
Сирените се огласија откако израелската војска објави дека идентификувала ракета лансирана од Јемен кон Израел. Според првичните извештаи, таа паднала во Хеброн, на Западниот Брег.