Од Општина Бутел информираат дека е поставен нов ламинат во просториите на општинското основно училиште „Лиман Каба”.
–Во изминатите години се направи нова фасада. Првпат по 30 години се уреди и дворот. Се поставија и нови врати и целосно се реконструираа тоалетите – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој додаде дека ООУ „Лиман Каба” е едно од првите општински училишта кои добија кабинет по информатика и интерактивни табли.