Нов гостин од „соседството“ во италијанските води: По делфинот Мимо, медитеранска фока е забележана во Венеција/видео

54

По делфинот Мимо, примерок од медитеранска фока се појави во венецијанската лагуна.

Видеото е објавено на Фејсбук групата „Pesca in laguna e mare“ и е снимено во самрак, во близина на устието Порта дел Лидо, објавува агенцијата „Анса“.

Сличен примерок од медитеранска фока е забележан пред околу 10 дена пред плажата Равена.

Според Мауро Боно, експерт од Природонаучниот музеј „Џанкарло Лигабуе“ во Венеција, фоката веројатно стигнала до венецијанските води во потрага по нови области, можеби во потрага по храна, со оглед на тоа што бреговите на Венеција имаат повеќе риба од онаа со која се храни.

„Исто така, не е исклучено дека потекнува од брегот на Хрватска, каде што има бројни собирања на овој вид“, рече тој.

Други фоки се видени помеѓу 2016 и 2018 година во Лидо и во водите околу Киоџа.

„Преку Јадранското Море, во последните години е забележано мало зголемување на бројот на примероци од овој вид, и покрај фактот дека сè уште постои ризик од истребување“, додаде Бон.

Според него, млад примерок е забележан во Пуља во 2020 година, што укажува дека веројатно се случило размножување во таа област, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ