Нов гаф на Трамп: По 35 години ги помирил “Абер…бајџан“ и Албанија/АУДИО

29

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги замени Ерменија и Албанија и изјави дека посредувал во мирот меѓу Азербејџан и Албанија. Оваа грешка се случи во разговор со конзервативниот коментатор Марк Левин во неговата истоимена радио емисија.

Претседателот ги пофали неговите мировни напори во живо, повторувајќи го своето тврдење дека завршил седум војни за време на неговиот втор мандат.

„Знаете, тоа се многу неверојатни, неверојатни работи“, рече Трамп пред да се обиде да ја спомене неодамна договорената мировна декларација меѓу Азербејџан и Ерменија, која ги доближи земјите до мир – но не го заврши целосно нивниот 37-годишен конфликт.

„Видовте Абер…бајџан. Тоа беше голем конфликт што траеше 34, 35 години со, ах, Албанија. Размислете за тоа“, рече претседателот.

Трамп не само што погрешно ја нарече Ерменија „Албанија“, туку и неодлучно го изговори името Азербејџан.

ИЗДВОЕНИ