Екипата на Лос Анџелес Лејкерс се пофали дека го продолжиле договорот со главниот тренер Џеј Џеј Редик, додека НБА-тимот со седиште во Калифорнија се подготвува за сезоната 2025/26, која започнува на 4 октомври. Засега, не се објавени официјални детали за новиот договор на 41-годишникот.

  • Веруваме дека тој е одличен тренер, тренер со силен глас и кој навистина ни помага да ја продолжиме културата на извонредност на Лејкерси, рече Роб Пелинка, претседател на кошаркарските операции на франшизата.

Редик им се придружи на Лејкерси во 2024 година, потпишувајќи четиригодишен договор од 32 милиони долари. Во својата прва година, тој ги предводеше Лејкерси до третото место во Западната конференција. Но, тимот беше елиминиран во првото коло од плејофот од Минесота и покрај тоа што на средина од сезоната го потпишаа Лука Дончиќ, кој е во одлична форма.

ИЗДВОЕНИ