Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во Б-дивизијата на Европското првенство. Во натпревар од последното коло од А-групата, Македонија загуби од Ирска со разлика од 33 поени (56:89).

Иако го добија првиот период со 19:18, сепак, во вториот, избраничките на селекторот Петровски тотално потфрлија. Постигнаа само 6 поени за 10 минути игра, па противничките на одмор заминаа со +19 (25:44). Второто полувреме беше само формалност за нашите младинки кои завршија последни во групата без ниту една победа со негативна кош-разлика од 163 поени (179:342).

Најефикасна во нашите редови на мечот со Ирска беше Ивана Колева со 26 поени, а двоцифрена уште беше и Ања Начевска која заврши со 10 коша.

Утре следува дуел во разигрувањето за пласман од 17 до 20 место, противник ни е селекцијата на Австрија.

ИЗДВОЕНИ