Уште едно лице почина како резултат на пожарот што избувна синоќа, во Домот за пензионери во Тузла, со што бројот на жртви достигна 12, објавија медиумите во БиХ.
Ова лице почина во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Инаку, тројца полицајци и пет пожарникари се меѓу десетиците хоспитализирани, од кои четворица се на респиратори.
Пожарот избувна синоќа на седмиот кат каде што имало неподвижни луѓе, објави Аваз.












