Екипата на Денвер одигра уште еден доминантен натпревар на домашен терен, победувајќи со 103:84 против Бостон селтикс. Никола Јокиќ повторно беше движечка сила на тимот од Колорадо. За 33 минути на теренот, тој постигна 30 поени и 12 скока, заедно со шест асистенции, остварувајќи дабл-дабл ефект.

Иако ги навикна навивачите на трипл-дабл, овој настап беше повеќе од доволен за да го контролира Денвер натпреварот од почетокот до крајот. На спротивната страна, прво име беше Џејлен Браун со 23 поени и 11 скока.

Резултати: Детроит – Оклахома 124:116, Мемфис – Голден стејт 112:133, Торонто – Сан Антонио 107:110, Хјустон – Сакраменто 128:97, Милвоки – Кливленд 118:116.

ИЗДВОЕНИ